„На крајот на минатата година, пред да започне се и кога ништо не се знаеше, низ медиумите во земјата наговестив за една француска иницијатива за деблокирање на нашиот интегративен пат кон ЕУ со нудење на прифатливо решение за решавање на нашиот спор со Бугарија.

Тогаш опозицискиот политички блок овие изјави ги сметаше за политичка пропаганда, па дури и ги исмејуваше како нешто невозможно, како халуцинација, вклучително и дел од медиумите во земјава.

Сега овие изјави се покажаа вистинити, сиот тој скептицизам падна во вода и еве не денес, еден ден пред остварување на нашиот сон на евроинтеграцијата“, напиша Артан Груби на социјалната мрежа facebook.