Време е да отвориме нова страна во односите меѓу РС Македонија и Бугарија. Решението на македонскиот парламент е шанса што треба да биде искористена за брзи реформи“, изјави во интервју за БГНЕС Петар Колев, претседател на партијата Граѓанско Демократска Унија, пренесува Трибуна.
„Дојде времето да отвориме нова страна во односите меѓу РС Македонија и Европската унија од една страна и РС Македонија и Бугарија од друга. Мудрата и визионерска одлука на македонското Собрание треба да биде искористена како шанса за брзи реформи. Брза европска интеграција и брзи промени“, изјави Колев. Тој предупреди дека нема место за еуфорија.
„Треба да ги засукаме ракавите и да почнеме со работа. Пред нас е промената на Уставот со која Бугарите ќе ја добијат својата рамноправност со сите народи што живеат во РС Македонија. Треба да биде потпишан и протоколот по Договорот за добрососедство и РСМ да ги започне реалните преговори и реалната европска интеграција“
Колев подвлече дека Бугарија треба да биде фокусирана како најзаинтересирана членка на Унијата.
„Треба да сме фокусирани врз процесите кои се во тек во РС Македонија. Очекувам бугарската надворешна политика да биде категорична а бугарската позиција да биде јасна со ангажираност на бугарската држава од тука на таму како еден реален фактор за стабилност.“
Според него Бугарија треба да заврши многу работа во однос на важни прашања. На прво место тоа се прашањата со правата на бугарската заедница во РС Македонија, прашањата со културно-историското наследство и застапеноста на Бугарите.
„Ова е почеток на еден многу важен процес кој стои пред нас“, истакна Колев.