Денешната пленарна седница во Собранието, ја следи и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Расправата досега се одвиваше во тензична атмосфера со вербални конфликти и меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од власта и опозицијата.

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.