Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска почнува консултации за кандидат за нов премиер, а на првиот ден од консултациите ќе разговара со претставници на четири изборни листи кои го поминаа цензусот на парламентарните избори одржани во април годинава. Вучиќ синоќа изјави дека некои министри ќе бидат дел од новата влада, но дека „добар дел нема“. Тој за ТВ Пинк изјави дека „голем дел од новата влада ќе бидат некои други луѓе“. Вучиќ додаде дека „има четворица кандидати за премиер“.
Advertisements
Инаку, како што се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ, консултациите ќе започнат со претставници на Коалицијата на Албанците од (Прешевската) долина. Потоа се закажани консултации со партијата на СДА Санџак – д-р Сулејма Угљанин и партијата Заједно за Војводина, која ја сочинуваат Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина и Заедно за Војводина.