Претпладнево пред 11 часот на скопскиот аеродром слета претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, која ќе присуствува на собраниската седница на која ќе се расправа за преговарачката рамка од францускиот предлог. Ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Пред обраќањето во Собранието, Фон Дер Лајен ќе осватри средби со Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
Истовремено пред Собранието, има протести против францускиот предлог.