Илон Маск се откажа од купување на Твитер за 44 милијарди долари. Милјардерот тврди дека не бил исполнет договорот, и затоа пропаѓа оваа зделка. Маск се реши да го купи Твитер уште во април.
Како што тврди милијардерот, купувањето е откажано поради тоа што компанијата не обезбедила доволно информации за лажните профили на оваа социјана мрежа. Од Твитер, пак, вратија дека ќе спроведат правна постапка да биде спроведен договорот.
„Управниот одбор на Твитер е решен да се затвори трансакцијата по цена и услови какви што беа договорени со господинот Маск“, соопшти компанијата.
Според договорот, Маск треба да плати казна од една милијарда долари ако се откаже од купувањето.