Почина Шинзо Абе. Поранешниот премиер на Јапонија им подлегна на повредите во болницата во Медицинскиот центар во Нара. Тој, денеска во 11:30 часот по локално време, беше застрелан за време на предизборен митинг во западниот јапонски град.

Информација ја објави јапонската агенција НХК која се повика на извори од Либерално демократската партија.