Нов фејл за пироманите Мицко и Димче. Си измонтираа тепачка меѓу себе со луѓе од нивниот коалиционен партнер Алијанса, ова на својот фејсбук профил го напиша Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.
Димче и Мицко се сликаа на иста маса со Таравари од Села во неуспешниот обид за ново мнозинство во Собранието.
Очигледно никој не сакал да го убие Мицко, туку станува збор за негов нов тежок политички фејл и за негово политичко самоубиство од заседа во обидот да предизвикаат меѓуетнички инцидент, пишува Забрчанец.