Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалната мрежа facebook објави фотографија на човек со насочено огнострелно оружје кон демонстрантите кои учествуваат во протестот против францускиот предлог, веќе петти ден во главниот град на РС Македонија.

Фотографијата е од судирот што се случи во близина на трговскиот центар Маавровка и плоштадот Скендербег пред половина час.

„Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа facebook.