Лидерот на Левица, воедно и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи го опцу претседателот Стево Пендаровски. Првиот човек на државата, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека е згрозен бидејќи Апасиев му пцуел мртов родител. Пендаровски вели дека неговата мајка е почината пред 10 години, а никогаш никаде во светот не се случило некој политичар да направи вакво нешто.

-Тој тип минатата година јавно ја пцуеше Радмила Шекеринска и од прилика знам за каква креатура се работи, каков резон има, но навистина не верував дека може да дојде до ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е една лична болка која не можам да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години. Мислам дека беше крајно нечовечки, пцовката сама за себе, особено да ми пцуеш гроб на почината мајка, тоа е нешто што не се простува. Таква работа, таков јавен став може да каже само човек кој е ушмркан или му фали нешто во главата. Јас навистина мислам дека тој психопат не е со сите штом може вакви работи да постира на социјалните мрежи, вели Пендаровски.