Oфицијалниот и конечен предлог на француското претседателство со ЕУ ќе биде на дневниот ред на итно закажаната седница на македонската влада која ќе се одржи во 20 часот и 15 минути. Веднаш по почетокот на седницата на јавноста ќе и се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Од Владата соопштија дека ќе стартуваат консултации со сите политички и општествени чинители, по што ќе биде изграден државен став во однос на предлогот.

Претседателот Пендаровски, иако се воздржа од заземање позиција, навести дека новите идеи претставуваат модификација на предлогот кој претходно, како работна верзија, го одби македонската страна.

Во исто време, заседава и Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тема на дискусија е каков да биде ставот на партијата во однос на новонастанатата ситуација. Во 21 часот, пред партиското седиште, позициите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти претседателот Христијан Мицкоски.

Извор: 360 степени