Од Мадрид се враќаме со нов изменет предлог на Француското претседателство кое веднаш ќе биде ставено во процес на институционална консултација и увид на јавноста. Ова преку објава на социјалната мрежа Facebook го соопшти министерот за надворешни работи на РС Македонија Бујар Османи.

„Огромна благодарност до Претседателот Макрон, целото претседателство со ЕУ, како и на Канцеларот Олаф Шолц, за нивните особени напори да се обезбеди нов ревидиран предлог како нова шанса да се деблокираат европските интеграции на земјава и целиот регион“, пишува Османи.