Премиерот Димитар Ковачевски, по пратеничко прашање, денеска во Собранието истакна дека за него, за коалициските партнери и за граѓаните не се прифатливи идеи кои што не прават јасна заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

„Историските прашања не можат и не треба да бидат критериуми за преговарачка рамка и преговорите на С. Македонија со ЕУ или било која друга организација. Преговорите со ЕУ мора да започнат со меѓународна конференција пред да бидат отпочнати измени на Уставот со цел внесување на Црногорците, Хрватите, Бугарите грагани кои што така се самоопределуваат и коишто тоа го бараат, да станат дел од преамбулата во Уставот. И ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес“, порача Ковачевски.