Докторот од Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски објави дека бројките на новозаразени со Ковид-19 ќе се зголемуваат во наредниот период.
Бројките на дневната ковид-статисика рапидно ќе растат како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што сепак болниците ќе ни останат полупразни, напиша Беќаровски.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа има 168 нови случаи од 1101 тестирани. Од нив 28 се реинфекции.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.