Адеми, во изјава пред Собранието на Македонија што ја објави Клан ТВ рече дека повеќе од два часа пратеници од  опозицијата се обидувале да ја блокираат работата на комисијата со  барања за процедурален збор и кога била исцрпена листата на пратеници се направил обид да не се усвои дневниот ред. Тој оценува дека причината е законската измена на дневниот ред од сферата на правосудството која ги налутила опозициските пратеници.

„Законот за кој станува збор е со цел да се избегне блокада на судството, обвинителството и на владеењето на правото, а тоа беше попречувано. Но без оглед на тоа, ваквите сцени се грди и не се во интерес ниту на нас, ниту на граѓаните. Без оглед дали станува збор за пратеници од опозицијата или од власта, повторување на такви сцени не треба да се случат, треба заедно да ги надминеме проблемите и овие провокации, како и недоразбирањата за да обезбедиме непречено одвивање на работата на Собранието”, изјави Адеми.

Тој рече и дека всушност се наоѓал пред пратениците кои групно дошле кон него, пратеникот Милошоски провоцирал, а влечејќи му го микрофонот, му предизвикал и повреда на раката.