Државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири по синоќешниот инцидент во Собранието преку социјалните мрежи порача дека сите кои ќе ги навредат Албанците, ќе им ги кршат рацете и нозете, давајќи му поддршка на Арбр Адеми. Воедно порача дека Милошоски заслужил повеќе.

Сепак, овој пост повеќе го нема кај него на социјалните мрежи. Но, тоа што ја избришал објавата не значи дека нема да има постапка. Антонио Милошоски го пријавил во полициска станица, а според информациите веќе е почната постапката против Азири.