Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните и вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.