„И според мене постојат големи главни градови кои што не се расположени Македонија да почне преговориу со ЕУ заради степенот на корупција и немањето реформи“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Николоски додаде дека да немаше корупција толкава во Македонија тогаш европските земји ќе извршија притисок врз Бугарија. Но, македонската Влада гледа да се заштити за криминалот и корупцијата преку отворање на преговори.

„Стојам позади тоа дека четири и нешто години Македонија не започнува преговори само заради корупцијата заради тоа што ветувањето беше кога ќе се реши проблемот со Грција и преговори ќе започнат. И да не заборавиме првиот договор кој што го потпиша Владата на Заев беше токму со Бугарија. Не е дека Македонија нема договор со Бугарија, но факт е дека Бугарите одат надвор од тој договор и факт е дека никој не ги притиска да се вратат назад туку напротив им дозволуваат да одат надвор од тој договор, затоа што мислат дека Македонија не треба да започне преговори“, рече Николоски.

„Јас бев во Стразбур изминативе неколку денови и можам да ви кажам едно непријатно чувство во разговори со бројни пратеници таму, беа сите зачудени како е возможно да Владата во Македонија прифати таков предлог. Првата или најголемата држава во Европа зависи Германија или Франција како ги цените, нема да си дозволи да стави било што на маса доколку нема согласност од двете страни. И беше чудењето огромно како е возможно да се согласат на ваква работа, тоа е прво. А, второ тврдеа дека не го виделе за да после тоа самите да признаат дури и тоа го кажа претседателот на државата дека разговарале во однос на предлогот и дека посредството го презело француското претседателство. Значи од ситуација „ништо не знаеме“ до ситуација „разговаравме и преговаравме“. Ова е трајно рушење на македонските национални позиции и удирање во темел пред се на македонскиот народ како доминантен во Македонија, нагласи Николоски.