Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и отворање на патот за европска интеграција на РС Македонија, јави известувачот на БГНЕС.

За предлогот на „Демократска Бугарија“, одобрен од Комисијата за надворешни работи, гласаа: 170 – за, 37 – против, 21 – воздржани. Предлогот е прифатен.

Останатите два предлога беа одбиени.

За предлогот на партијата Движење за правда и слободи, кој вчера не беше поддржан од Комисијата за надворешни работи, гласаа: 101 – за, 68 – против, 58 – воздржани. Предлогот не се прифаќа.

За предлогот на ГЕРБ, поднесен од Десислава Атанасова, гласаа: 104 – за, 70 – против, 56 – воздржани. Предлогот не се прифаќа.

Предлог-одлуката, поднесена од Христо Иванов и „Демократска Бугарија“, е заснована на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на тоа за да бидат максимално заштитени бугарските интереси. Овој документ е многу близок до другата предлог-одлука предложена од ГЕРБ и поддржана од партијата на Бојко Борисов.

Ова е содржината на изгласаниот предлог:

БГНЕС објави документ: Ништо во просесот на пристапување на РСМ во ЕУ не може да се толкува како признавање на македонскиот јазик