Горан Милевски, лидер на ЛДП, министер и коалициски партнер во Владата, најави излегување од владиниот состав ако биде прифатен францускиот предлог. Како што вели тој, за едно вакво прашање морале да бидат консултирани коалициските партнери, а ако сметаат дека ЛДП не се многу битен партнер, тогаш нема што да бара во оваа власт.























