Бојко Борисов денеска демонстрира лидерство и пријателство кон Македонија.

Ова специјално за БГНЕС го изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски по повод одлуката на Борисов да даде зелено светло за почеток на преговорите меѓу РС Македонија и ЕУ.

„Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас“, рече Бучковски, кој беше и специјален пратеник кај властите за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за почеток на преговори од страна на РСМ. Кирил Петков го нарече кукавица и лажго кој се крие зад Народното собрание и нема храброст да преземе политичка одговорност.