Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео на социјалните мрежи со кое го честита роденденот на ВМРО-ДПМНЕ. Како што вели тој роденденот ќе биде одбележан со борба за промени.

-32 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, 129 години од создавањето на историското ВМРО.  Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чиј код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија.

Благодарност на основачите кои се значаен сегмент во сегашното функционирање на партијата и кое како такво го вреднувам и високо почитувам. Нивното визионерство, чистата љубов кон татковината и борбата за каузата ги сместува во редот на луѓето кои даваа се без да бараат ништо за возврат.

Денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни победнички патеки и заедно со народот повторно се крева и кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижување, со сиромаштија, одрекување и порекнување, ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест, со целото мое срце.

Како дел од таа приказна на почитувани и вреднувани, испраќам порака на обединување против лошата власт и Владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе.

Ние овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени, затоа што е премногу и мора да ја сочуваме Македонија.

Ве повикувам утре во 20 часот на протестот за промени, пред Владата на Република Македонија.

Се гледаме на улиците, со срце и сила за Македонија.

Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!, напиша Мицкоски.