Приватниот музеј кој го поседува култниот фустан на Мерилин Монро дозволил трајно да биде оштетен кога ја позајмил на естрадната ѕвезда Ким Кардашјан поради нејзината посета на настанот „Met Gala“ минатиот месец, објави во средата колекционер на предмети поврзани со славната холивудска актерка.
Advertisements
Платинесто русокосата Кардашјан блесна но и предизвика контроверзии кога го облече тесниот фустан, кој Монро го носела во 1962 година кога на тогашниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди му го отпеа славниот рефрен „среќен роденден, господине претседател“.
Скот Фортнер, колекционер кој ја води интернет страницата посветена исклучително на Монро, објави фотографија на крем здолништето украсено со кристали пред и откако го носела Ким Кардашјан.
Фотографиите по носењето ги изработил пријател на Фортнер, кој во неделата го видел фустанот изложен во музејот мус Believe It or Not!“ во Лос Анџелес, ко го поседува здолништето и кој ѝ дозволил на старлетата да го носи.
Според фотографиите, постојат мали оштетувања на ткаенината близу копчите кои ги придржуваат фустанот, но и кристали кои висат на конците додека некои и недостигаат.
Како што се наведува во објавата на Фортнер на Instagram, наводното оштетување на фустанот, кој „Ripley’s“ го купила на аукција за рекордни 4,8 милиони американски долари, предизвика големи критики на социјалните мрежи последните денови. Фортнер во објавата истакнува дека „виновни се од Ripley’s бидејќи дозволиле фустанот да биде носен“.
„Чувствувам дека секоја ѕвезда на којашто би ѝ се понудила можноста да го носи ова парче облека многу веројатно би ја зграбила можноста. Постои причина зошто некој би сакал да го носи. Едноставно се покажа дека Ким К. е таа. Сега е трајно оштетено и веројатно би била оштетена незавосно за тоа кој ја носел“, изјавил Фортнер.
Од музејот „Ripley’s“ не одговорите во средата попладнето на прашање на агенцијата AFP за обвинувањето. Музејот, инаку, на почетокот на мај најави дек Кардашјан би можела да го носи култното здолниште.
„Голема грижа е вложена за да се зачува ова делче од историјата. Со совети на конзерватори за облака, проценители, архивисти, осигурување, состојбата на ова парче облека беше највисок приоритет“, порачаа тогаш од музејот.
Кардашијан, којашто објави дека била на жестока диета за да може да ја собере во легендарниот фустан, не одговори досега на обвинувањата на социјалните мрежи.