Кочо Стојчески, сопственик на Специјал Градба, која го поседува плацот кај поликлиниката Букурешт каде урбанистичкиот план предвидува изградба на висококатница, во допис до Фокус го обвинува градоначалникот на Карпош за незаконско постапување и бара реакција од надлежните институции.

Откако го Фокус го објавува написот „Чии интереси попречи високатницата во Карпош, која веќе предизвика и политички земјотрес“, се огласи Кочо Стојчески, сопственик на градежната компанија „Специјал Градба“, која го поседува земјиштето покрај Партизанска, каде всушност градоначалникот Стевчо Јакимовски најавува дека нема да дозволи изградба на висококатница, иако таа е предвидена со важечки Детален урбанистички план.

Како што открива Стојчески за Фокус, тој остварил неколку средби со градоначалникот Јакимовски, кои, тврди тој, завршуваат со согласност за градба на истата локација од страна на градоначалникот, како и учество на претставници од Општина Карпош во изработката на идејното решение за објектот.

Меѓутоа, посочува Стојчевски, после овие средби Јакимовски во неговите јавни настапи споменува имиња на лица и фирми кои немаат никаква врска со локацијата, без притоа да ја спомене неговата “Специјал Градба“, иако, како што нагласува сопственикот на фирмата, градоначалникот знае дека договорот е потпишан со нив и знае дека тие се носители на проектот.
(Целиот напис прочитајте го на следниот линк)