На ливада во атарот на селото Конопница, вчера попладне e пронајден дел од човечки труп, соопшти МВР.

Во текот на вчерашниот ден по 17 часот во полициската станица во Крива Паланка е пријавено дека во ливада во Конопница се пронајдени облека и дел од човечки труп.

„Веднаш бил известен јавен обвинител, увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка, а ќе биде извршена обдукција“, информираат од МВР и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.