Отстранувањето на молци од облеката не е лесно.
Не се препорачува отров кој може да го загрози здравјето на луѓето и нивните миленици, но другите производи не се доволно ефикасни против молци. Треба да ја фрлите целата облека на која сте забележале молци, препорачува германскиот магазин за потрошувачи „Окотест“.
Во меѓувреме, измијте ги и пакувајте ги сите работи што не ги фатиле молци. Ставете ги во замрзнувач и исчистете го плакарот. Во иднина користете комбинација од превентивни и контролни производи кои не им штетат на луѓето или животните, велат тие.
Okotest тестираше 33 производи против молци и сите ги оцени како „лоши или недоволно ефикасни“. Можете да ставите кеси од лаванда или кедрови плочки во плакарите, но тие нема целосно да ги одвратат инсектите или да ја заштитат вашата облека.
„Но, тие помагаат да им се отежни животот на молците, без употреба на отров“, пишува Окотест. Во плакарите ставете само облека што претходно сте ја испрале и исушиле, бидејќи молците ги привлекува потта, пренесува Индекс.