Градоначалникот на Куманово и поранешен висок функционер на СДСМ, Максим Димитриевски, се огласи на социјалните мрежи по повод нефкусната шега на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој на самит во Солун, Димитар Ковачевски го наречен премиер на „идна Западна Бугарија“. Иако од неговиот кабинет порачаа дека станувало збор за сарказам кон Бугарија и иронија кон Европската унија, сепак на адреа на Рама стигнаа бројни критики. Се јави и Димитриевски:

-Никој не те почитува доколку не покажеш самопочит но и возвратиш почит кон тие кои те почитуваат.

” Шегата” на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон Премиерот но и кон целата македонска јавност.

– Ковачевски наместо насмевка треба да возврати со реципроцитет и да побара извинување.

Молкот е повеќе од срам!

Дали вака размислувате да градиме Отворен Балкан?