Активистот Милјаим Нела реагираше иритиран, поради изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервјуто, со новинарот Чим Пека во емисијата на ТВ Око од Косово.

Во текот на интервјуто Али Ахмети ги означи Албанците од Косово како проблематичен чинител во однос на Србија, критикувајќи ја политичката класа од Приштина, поради тоа што не и се придружува на српско-руската иницијатива ‘Отворен Балкан’.“ – објави информативниот портал „ин7“ на албански јазик.

„Ин7“ пренесува: „Во својата објава на фејсбук Милјаим Нела пишува: ‘Имав можност да го проследам интервјуто, што Али Ахмети му го даде на новинарот Чим Пека! За какви неписмени, неуки луѓе, за какви овчари гласаат Албанците од Македонија веќе 20 години!… Ужас!“

„Пека не доби одговор на ниедно прашање! Прашањето за Косово за Али од Шипковица (исто како и за Вучиќ) е нерешено! Албанците се самите виновни за проблемите со Србија!“

„Со овие овчари не чудете се што работите на Албанците ќе им одат се полошо и полошо!“

„Али Ахмети е еден од регрутите на Народното движење на Косово, една марксистичко-ленинистичка организација, која во визбите во Швајцарија ја создаде и потоа ја водеше Бедри Ислами, поранешниот агент на српската служба за државна безбедност УДБ-а.“