Откако ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Ковачевски, поради како што велат понижувањето од Еди Рама, кој за Ковачевски при претставувањето на Шолц на самитот во Солун, рече премиер во иднина на Западна Македонија, се огласи и СДСМ.

Од таму велат:

Извртување иронични ставови нема да и помогне на ВМРО ДПМНЕ која прифати Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ оставка може да побара единствено од Христијан Мицкоски кој учествуваше на Конгрес на ЕПП, каде беше усвоена резолуција која ги промовира ставовите на Бугарија.

ВМРО ДПМНЕ едно зборуваат дома а сосем друго надвор, а работат против интересите на земјава.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ се обиде да извртува иронична изјава на премиерот на Албанија, чиј сарказам е познат во јавноста и се однесува на блокадата на Република Бугарија и односот кон процесот на проширување на ЕУ.

Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив.

И за време на Самитот на Опен Балкан и претходно, Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокора и Албанија.

Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста.