Меѓународниот стручен панел при ОН за Европа прифати да ја покачи дозволената брзина за автономни автомобили во одредени ситуации. Според одлуката објавена во четвртокот, ограничувањето на брзината за автономните возила би се подигнало на повеќе од дупло – од 60 км/ч на 130 км/ч.
Advertisements
Исто така, би било дозволено менување на лените. Предлогот уште треба да го потврди Светскиот форум за усогласување на прописите за возилата, кој ќе се состане од 21 до 24 јуни, но тој чекор се смета за формалност.
Новото правило би стапило на сила после околу шест месеци. Повеќе од 50 земји ширум светот се дел од овој договор, вклучувајќи ги и 27-те земји-членки на ЕУ. САД, Кина и некои други земји, пак, ја регулираат автономијата на автомобилите според некои нивни стандарди.
Моментално автоматизираното возење е дозволено на одредени ситуаци на автопат, како што е сообраќаен метеж. Во ситуации како тунели или лед на патот, кои автомобилите автоматски ги откриваат со камери и сензори, возачите се предупредуваат и автономното возење се исклучува.