Вицепремиерот Фатмир Битиќи го демантираше новинарот Горан Момировски кој тврдеше дека Невладините организации на сопругите на вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи и на директорот на агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу заедно со други две организации поделиле пари од странски фонд во висина од над 600 илјади евра. Битиќи вели дека тоа е лага, плна со неточни информации.
Демантот ви го пренесуваме во целост.
По вчерашното изнесување на лаги од Момировски немав намера да реагирам јавно, но веќе денеска гледам дека некои медиуми оркестрирано го споделуваат истиот наслов, притоа никој од нив не побара став и од мене како засегната страна, што ми укажува дека не се заинтересирани за вистината ниту работат по принципите на новинарството.
Кажувам јасно…
Индикациите, како што и оној кој ги изнесе, сам ги нарекува, се лага, полни со неточни информации, очигледно водени од друга побуда. Особено поради тоа што лагите ги изнесе во време кога знае дека сум надвор од државата, што ми укажува дека сакал само неговиот мегафон да се слушне од центарот за лаги.
Доколку господинот има докази за проневера на меѓународна, повторувам меѓународна организација нека ги изнесе.
Во понеделник ќе поднесам барање за јавно извинување и демантирање во ист обем и време, кое доколку не се случи ќе продолжам по инстутиционалниот пат а тоа е тужба за клевета навреда и нарушување на углед на мене и моето семејство. Доколку мора, судот ќе го каже последниот став за вистината.
А медиумите кои ја објавија едната страна, барам да ја објават вистината денеска, во целост како што ја кажувам. Во спротивно ќе морам да покренам соодветни постапки и за нив.
Драги политички опоменти, нека не ве фаќа паника од позитивни анкетни резултати за мојот углед, па да мора да го напаѓате со лаги. Подобро за вас и за граѓаните ќе биде вие да работите на вашиот за да сте конкурентни и да се сретнеме на мегдан за стаботено.