Германскиот канцелар Олаф Шолц на 11 јуни ќе ги посети Северна Македонија и Бугарија, јавува „Дојче Веле“.

Први станици на дводневната балканска турнеја на Олаф Шолц ќе бидат Косово и Србија на 10 јуни. Шолц ќе ги посети и германските групи во КФОР.

Од таму, Шолц ќе замине за Солун каде на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе учествува на вечера со претставници на земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“.

Според соопштението од кабинетот на Шолц, во фокусот на неговото патување ќе биде ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан, како и придонесот на Германија во унапредувањето на регионалната соработка и надминувањето на билатералните блокади.