Независниот синдикат на вработените во Управата за водење матични книги го блокираше сообраќајот на булеварот „Свети Кирил и Методиј“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ во центарот на главниот град.

Вработените во Управата за водење матични книги штрајкуваат од 27 април, а минатата недела протестираа пред Министерството за финансии.

Пред околу десетина дена, тие ги усогласија нивните барања со Министерството за правда, но сè уште немаат никаков одговор од Министерството за финансии за барањето за покачување на платата од 30 отсто.