Првиот човек на ЦУК (Центар за управување со кризи) Стојанче Ангелов е во Тетово, каде што одблизу го следи гаснењето на пожарот во поранешната фабрика „Македонија табак“. Вклучени се и хеликоптери, како и противпожарни единици од Скопје, освен оние на тетовската противпожарна служба.

Стојанче Ангелов вели дека службите навремено реагирале, дури потенцирајќи дека пред неколку дена гледал сличен ваков пожар во САД, а како што вели, нашите служби побрзо реагирале од американските.

ВИДЕОТО Е ПРЕЗЕМЕНО ОД ТВ21