Голем пожар изби утрово во кругот на поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово. Побарана е и хеликоптерска поддршка, која пристигна на терен.
Засега нема повредени, освен неколку интервенции кај задушени луѓе поради чадот од пожарот во Тетово кој во 9 часот избувна во објектите на поранешната фабрика „Македонија табак“.
Поради пожарот, Секторот за образование на Општина Тетово одлучи сите ученици да не одат на настава овие два дена.