Европската Унија е во криза веќе деценија и половина. Посебно после Лисабонскиот самит, кога не успеа да се донесе уставот на Европската Унија. Имаме културолошка криза и уставно-правна криза поврзана со тоа како ќе се концепира ЕУ. Ова во емисијата Дебати на ТВ Шења го изјави Рубин Земон пратеник во македонското Собрание.
„Уште поголема криза направи самиот Брекзит. Кога Велика Британија излезе од ЕУ, стана јасно дека Унијата не е тоа што беше. Во една таква концепција, кога ЕУ нема план, како ќе се гради во иднина… Кога тие прават планови за 20-30 години или 50 години. Ниту една држава не прави таква стратегија. Мислам дека Русија прави стратегија за 50 години, а Кина за 100 години…“, изјави Земон.
Според Земон покревањето на идентетските прашања во Унијата ги руши демократските вредности.
„Тоа веќе е голема криза во ЕУ. Нема механизам да се одговори на овие негативни појави“, вели Земон.