Отстранувањето на мувлата од плочките во бањата е вистинска болка, а со овој трик ќе заборавите на овој проблем.
Трик кој докажано функционира, сподели Британка со своите следбеници на социјалната мрежа Фејсбук. Се што ви треба е памучна волна, крпа и малку избелувач за алишта.
Натопете памук или крпа во белилото, а потоа ставете го преку мувлата и оставете го преку ноќ. Кога ќе ја отстраните памучната волна, ќе забележите значително помала количина на мувла.
Многумина под нејзината објава коментираа дека го испробале овој трик по нејзина препорака и дека се изненадени колку е ефикасен.