Претседателот на Бугарија, Румен Радев, вели дека прво треба да го слушне премиерот Кирил Петков на темата за Северна Македонија, притоа не прецизираше дали ќе го свика Консултативниот совет за национална безбедност за да се расправа за ова прашање како што побара Петков во петокот.

Во изјавата што ја пренесуваат бугарските медиуми, Радев порачува дека не може да се преговара ниту за интеграцијата на Северна Македонија ниту за прашањето за заштита на воздушниот суверенитет на Бугарија бидејќи, како што вели, за човековите права не се преговара и нема пазарење.

„Колку владата се држи поблиску до официјалниот бугарски став изразен во документите усвоени во Народното собранието толку повеќе го слуша на Бугарите во нашата земја и во Северна Македонија. Колку поодговорно се однесуваме како земја членка на ЕУ и се придржуваме до принципите на Унијата толку полесно ќе ни биде во политиката и одлуките кон Република Северна Македонија“, вели Радев.