Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас од утре до среда ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, со цел и зајакнување на билатералните односи и изразување поддршка за ЕУ перспективата на регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас утре ќе биде во Тирана, во вторник во Сараево, а в среда во Скопје.

-О ваа турнеја е во рамките за зајакнување на билатералните односи, од една страна и од друга страна, да ги потсетиме сите, како во регионот, така и во Европската унија за важноста на овој регион, рече портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на редовниот брифинг со новинарите во средата.

Додаде дека сите овие средби, една по друга се и затоа што на 10 јуни во Солун ќе се одржи Самит на високо ниво во рамки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во периодот 2021-2022 година, со што ќе заврши грчкото претседателство.

Шефот на грчката дипломатија в среда ќе биде во Скопје, а според Папајоану ќе оствари средби со претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на Северна Македонија.