Британскиот премиер, Борис Џонсон, синоќа разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за соработката меѓу двете земји и глобалниот одговор на конфликтот во Украина, но го искористил моментот и да се обиде да го убеди да го смени ставот за отпорот кон  побараното членство на Шведска и Финска во НАТО. Средбата следеше по јасната закана на Ердоган од пред три дена дека Турција ќе стави вето на апликациите на Финска и Шведска за членство во НАТО, затоа што „биле плодна почва за терористички групи“, имајќи ги предвид членовите на Курдската работничка партија, организацијата која од Анкара и многу други земји во светот е прогласена за терористичка.