Никола Груевски, поранешен премиер, осуден и обвинет во неколку предмети, а избеган во Будимпешта, вчера се огласи преку социјалните мрежи по повод пресудата за случајот ТНТ за рушењето на објектот на бизнисменот Фијат Цаноски, во кој тој доби 9 годишна затворска казна. Тој во неговиот пост изнесе одредени детали, а поради тоа СДСМ се јави со реакција.

 

-Вчерашната пресуда за предметот  „ТНТ“  во кој осудени се  Никола Груевски,  Миле Јанакиески и Тони Трајковски  уште  еднаш  потврди  дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија. Вообичаено,  веднаш по  изрекувањето  на пресуда со свој  став  излезе  повеќекратниот  осуденик во бегство, Никола Груевски. Но  овој  пат Груевски откри нови работи, односно дека тој  бил во  комуникација  со актуелен  градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Дали  Данела Арсовска е градоначалникот и контактот  на  Груевски со кој тој комуницира редовно? Дали Груевски редвоно комуницира и со други градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ? Објавата на Груевски само го потврдува она што СДСМ  го тврди, а тоа е дека  ВМРО-ДПМНЕ  се  уште е  управувана  од  Будимпешта,  а  Христијан Мицкоски е само извршител на Груевски. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски  не го осудуваат и не се  оградуваат од криминалите, туку напротив тие ги бранат криминалците во своите редови, велат од СДСМ.