Српската премиерка Ана Брнабиќ утрово пристигна во работна посета на нашата земја.

На скопскиот аеродром ја пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Брнабиќ потоа пристигна во Владата на работна средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која присутен ќе биде и вицепремиерот Маричиќ, а потоа, како што е најавено заедно со Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на Самитот што го организира „Македонија 2025″.