Заедно со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во дворот на Кабинетот, претседателот на државата Стево Пендаровски засади дабово дрво, по повод одбележувањето на платинестиот јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

-Поддршка за оваа племенита и симболична иницијатива на British Embassy Skopje, со која ќе бидат раззеленети 70 училишта, градинки, здруженија и институции низ СевернаМакедонија. Дабот симболизира лидерство, решителност и храброст, порача Пендаровски.