Украинското воено раководство ја отфрли можноста да ги спаси своите бранители од фабриката за челик Азовстал во опколениот Мариупол со офанзива против руските војници бидејќи тоа ќе чини многу животи.

– За таква операција на деблокирање би бил потребен голем број војници бидејќи украинските сили се оддалечени 150 до 200 километри, рече заменик-началникот на Генералштабот Олексеј Хромов и додаде дека таквата операција би чинела многу животи бидејќи руските војници изградиле силна одбрана.

Мариупол на Азовското Море во југоисточна Украина е под опсада на руската армија веќе два месеци бидејќи Москва сака да го поврзе полуостровот Крим, кој го анектираше во 2014 година, со југоисточниот регион Донбас.

Според вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук, во фабриката за челик има околу 1.000 ветерани, а половина од нив се ранети. Руската страна тврди дека во визбите на челичарницата биле закопани 2.500 украински борци и странски платеници. Киев се обрати до разни организации за помош за евакуација на ранетите.