Војници од Украина денеска во Германија почнаа со обука за управување со оклопна хаубица 2000.

Министерството за одбрана на Германија соопшти дека украинските војници се во военото училиште во Идар-Оберштајн.

Обуката обично трае 40 дена, но може да се скрати доколку војниците имаат одредени предзнаења.