Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Кочани, Б.Д.(49) од Кочани – одговорно лице во правното лице и А.М.(24) од Кочани – вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“  по член  204  став 1 и 4 од Кривичниот законик.
На 13.02.2022 во 00.00 часот, при контрола во угостителскиот објект, биле затекнати пет малолетници кои биле послужени со алкохолен пијалок од третопријавениот А.М..