Министерката за надворешни работи Аналена Баербок е првиот германски официјален претставник што ја посети Украина по руската инвазија. Таа рече дека ги видела најстрашните траги на злосторствата и додаде дека на жртвите ќе мора да им се оддаде почит не само со сеќавање, туку и со изведување на сторителите пред лицето на правдата.
Advertisements
„Овие жртви човекот ги чувствува силно овде, овие жртви можеме да бидеме ние. Буча како предградие на Киев е како Потсдам пред Берлин. Гледаш игралишта, супермаркети, луѓе што одат на работа. А потоа гледаш најлоши траги од злосторството веднаш до нив“, изјави Аналена Баербок- германска министерка за надворешни работи
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европа, како и во Втората светска војна, треба уште еднаш да размисли за цената што треба да се плати за мирот на континентот. Зеленски додаде дека неговата земја „го обезбедила вториот дел од одговорите на специјалниот прашалник, кој треба да го пополни секоја земја што сака да биде дел од Европската Унија.“
Володимир Зеленски, претседател на Украина
„А ние, Украинците, ќе продолжиме да работиме за нашата одбрана, нашата победа и враќањето на правдата. „Денес, утре и секој втор ден што е потребен за ослободување на Украина од окупаторите.
Русија, во меѓувреме, ја продолжи својата воена офанзива. Неодамна беше нападнато стратешкото јужно пристаниште Одеса. Украинските власти објавија дека пронашле тела на 44 цивили во урнатините на зградата во североисточниот дел, што беше уништена пред неколку недели. Пристаништето беше под повторен ракетен напад, вклучително и неколку хиперсонични ракети.
„Во моментов се наоѓаме во објект што беше погоден од руски проектил. Вкупно седум ракети паднаа во Одеса. Работата на овој објект (за време на воздушниот напад) беше во тек а едно лице загина. Повредените има повреди од среден интензитет. Овој објект немаше ништо заедничко со воената инфраструктура или воени објекти. Тука нема и никогаш немало складиште за муниција. Вака рускиот свет го честиташе херојскиот град Одеса на 9 Мај“, изјави Генадиј Труханов, градоначалник на Одеса. /Аслат.мк
Еви Шкопи