Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг рече дека периодот за евентуално отворање на македонскиот Устав е сензитивен во ситуација кога нема најави за деблокада на процесот на евроинтегрирање од страна на Бугарија. Според министерот, во прашање е сензитивноста на процесот, а не бугарската заедница која живее во Македонија.

– Република Северна Македонија еднаш го смени Уставот и сега на маса повторно има такво барање. Тоа создава немир кај граѓаните. РСМ нема ништо против да ја внесе бугарската заедница во Уставот, бидејќи ако по нешто сме препознатливи во светот, тоа е уникатен функционален модел на мултиетничка демојкратија која покажа дека може да функционира.  Сензитивноста е во непредвидливоста на процесот, но тоа е дел од разговорите кои ги правиме со Република Бугарија, рече Османи.

Според министерот, целта во преговорите со Бугарија е во услови на заштитени интереси да се направи прогрес. Оставки и избори во моментов ја интересира само опозицијата, но не и граѓаните, смета ОСмани.

– Престседателот Радев точно знае за што зборувам, нема ултиуматуми и условување туку објаснување на фактичката состојба. Како поминува времето, како Бугарија ги обесхрабрува факторите, сето тоа има последици во домашната политичка сцена. Моја проценка е дека како поминува времето, се поразреден ќе биде тој политички капитал и ќе има помала поддршка од граѓаните да отвориме ново поглавје со ЕУ, одговори Османи како одговор на коментарот на бугарскиот претседател Румен Радев дека Македонија не може да поставува ултиматуми.