Рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андреев беше полеан со црвена боја додека се обидуваше да положи венец на гробиштата на советските војници во Варшава, јавува дописникот на РИА Новости

На дипломатот тоа не му било дозволено. Според известувачот на агенцијата, „агресивни Полјаци и Украинци“ му го попречиле патот, извикувајќи навреди. По инцидентот, Андреев бил принуден да ги напушти гробиштата во придружба на полиција. Подоцна рече дека не е повреден.

На самото спомен-обележје непознати лица напишале непристојни натписи.