Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов објави видео на социјалните мрежи од кејот на Вардар на кое се гледа расфрлано ѓубре насекаде. Во петокот имаше виноскоп, а во ноќните часови имаше доста раздвиженост во центарот на градот, па веројатно ова е дело на несовесните граѓани. Сепак, без разлика на тоа, комуналните служби морале да реагираат.